Воени "игри" кај Источно Кинеско Море

Јапонија и Јужна Кореја и се спротиставуваат на одлуката на Кина за прогласување воздушна безбедносна зона во Источно Кинеско Море. Авион на јапонската крајбрежна стража ја прелетувал зоната, а и јужно-корејската армија соопшти дека вршела прелети. И два невооружени бомбардери Б 52 на Соединетите Држави прелетале преку зоната. Кина објави во саботата дека сите авиони кои транзитираат во таа зона мора да го соопштат планот за летање или ќе се соочат со одбрамбени мерки. Во зоната се вклучени острови на кои претендираат Кина, Јапонија и Тајван.