Времето денеска - сончево и студено

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од два до седум степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до пет степени.До сабота следува стабилно и суво време со негативни утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под минус шест степени.