Во Украина и денеска про-европски протести

Илјадници демонстранти и денеска се собраа во Киев и други градови барајки од украинскиот државен врв да го потпише договорот за стабилизација и за слободна трговија со Европската Унија. Демонстранти се собраа и пред зградата на владата со барање за ослободување на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која штрајкува со глад. Украинскиот премиер Микола Азаров на денешната седница на владата изјави дека Украина сеуште преговара со Европската Унија. Во меѓувреме, германската канцеларка Ангела Меркел, од Берлин порача дека Унијата ќе продолжи да настојува Киев да ги потпише договорите.