Речиси половина од Американците го подржуваат договорот со Иран

Над 40 проценти од анкетирани Американци го подржуваат новиот привремен договор меѓу Иран и шестте светски сили за нуклеарната програма на Исламската република. Според анкетата која ја спроведе новинската агенција Ројтерс преку фирмата за истражување Ипсос, 23 отсто од анкетираните жители на Соединетите американски држави се против договорот. Податоците покажуваат дека над половина од анкетираните, поточно 63 проценти од испитаниците веруваат дека иранската нуклеарна програма може да се употреби за создавање на атомска бомба.