Лековити растенија има, но нема едукација за нивно собирање

Илустрација.

Главен проблем, според оние кои собираат лековити растенија, но и оние кои ги откупуваат, е недоволното познавање на начинот на собирање.
Во западниот регион на Република Македонија има голем број лековити растенија кои според експертите имаат висок квалитет, но засега не се чувствуваат некои позначајни ефекти од оваа активност со која се занимаваат 200 семејства особено од селските населби во општините Дебар и Центар Жупа. Главен проблем, според оние кои собираат лековити растенија, но и оние кои ги откупуваат, е недоволното познавање на начинот на собирање, но и препознавањето на растенијата, поради што не се чувствуваат некои подобрувања во социо-економската положба на ова население.
Најчесто собираме липа, кантарион, мечкино грозје. Сметаме дека има потреба да имаме едукација со цел да знаеме како се собира и што треба да се собира.
жител на Отишани.

„Најчесто собираме липа, кантарион, мечкино грозје. Сметаме дека има потреба да имаме едукација со цел да знаеме како се собира и што треба да се собира“, вели жител од пограничното дебарско село Отишани, кој последните десетина години собира растенија заедно со членовите на неговото семејство.

Илустрација.


Со цел подобро запознавање со начинот на собирање на растенијата започна едукација на оние кои се занимаваат со оваа активност.
Центарот за одржлив развој на заедницата започна со одржување на обуки за сите оние кои се занимаваат со собирање на лековити растенија и шумски плодови. Тоа е многу битно за населението кое се занимава со оваа дејност од која добива и материјални ефекти.
Фламур Муладаути, Центар за одржлив развој на заедницата.

„Центарот за одржлив развој на заедницата започна со одржување на обуки за сите оние кои се занимаваат со собирање на лековити растенија и шумски плодови. Тоа е многу битно за населението кое се занимава со оваа дејност од која добива и материјални ефекти“, истакнува претставникот на Центарот за одржлив развој на заедницата во Дебар, Фламур Муладаути.

Воведувањето на регулатива во оваа сфера во Македонија дава ефекти, истакнува Ѓоше Стефков, експерт за лековити растенија од Фармацевтскиот факултет во Скопје. Тој во Дебар на средба со собирачите на растенија и шумски плодови подвлече дека треба да се направаат конкретни студии за лековитите растенија со цел колку треба да се собира.

„Состојбата со лековитите растенија во Република Македонија станува сè подобра. Се воведува системот на дозволи за собирање на лековити растенија и тоа значи дека се воведува ред во оваа сфера. Во Македонија има многу лековити растенија но потребна е студија со што се определува количеството во регионите и со тоа ќе се знае колку ќе се собира“, вели Стефков.

Во поширокиот регион на Дебар нема Центар за откуп на растенијата, а оние што ги откупуваат се обидуваат тоа да го сторат за многу пониски цени.