Бошко Ѓуровски нов фудбалски селектор

Поранешниот репрезентативец Бошко Ѓуровски е изборот на Фудбалската федерација на Македонија за селектор на А националниот тим.
ФФМ со Ѓуровски потпиша двегодишен договор со можност за продолжување за уште две години. Договорот стапува на сила од 1 јануари 2014 година.

Одлуката за избор на новиот селектор беше донесена според предходно дефинираните критериуми на Фудбалската федерација на Македонија. Тренерското искуство, остварените тренерски резултати, имиџот во јавноста, карактерот, подготвеноста да има директен увид во случувањата во македонскиот фудбал и едукацијата на тренерите, како и покажаната желба за извршување на функцијата, пресудија изборот да биде на нашиот Бошко Ѓуровски, соопшти ФФМ.