Кина ќе го испрати „Белиот Зајак“ на Месечината

Роверот на НАСА

Кина соопшти дека планира на почетокот на декември да го испрати својот прв ровер на Месечината.

Возилото робот е именувано како „Зајак од жад“ според древната кинеска митологија за белиот зајак кој живее на Месечината, како домашно милениче на божицара Чанг – е.

Во 2007 година, Кина лансираше летало околу месечината. Комунистичките лидери на Кина поставија приоритет, Кина да стане вселенска суперсила како Русија и САД.