Временска прогноза-облачно со повремени врнежи

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег особено во западните и северните делови од земјава. Долж Повардарието и во југозападниот дел врнежите ќе бидат мешани, а само во крајниот југоисточен дел ќе се здржат од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат во попладневните и вечерните часови кога на повисоките места ќе се формира и снежна покривка. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до три, а дневната од еден до шест степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи особено попладне. Врнежите ќе бидат мешани од дожд и снег, а кон крајот на денот само од снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до четири степени.