Грци барале работа во Албанија

Невработеност ги натера грците да бараат сезонска работа во Албанија за месечна плата од 400 до 500 евра објавуваат грчки медиуми на кои се повикува МИА.
Станувало збор главно за нискоквалификувани и градежни работници, но и за летни сезонски работници
Едуард Тафа, претседател на албанското друштво „Илириа“ во Грција, за грчкото списание „Тахидромос“ потврдува дека навистина има грчки имигранти, кои доаѓаат за да работат во Албанија во летниот период.
До пред неколку години Албанците заминуваа да работат и да обезбедат подобар живот во Грција.