Во Кабул средба Рајс - Карзаи

Американскиот советник за национална безбедност, Сузан Рајс , денеска во Кабул ќе се состане со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Главна тема на разговорите е иднината на американските трупи во Авганистан. Вчера, така-наречената Лоја Џирга го одобри авганистанско – американскиот безбедносен договор со кој се регулира натамошниот престој на американските сили по повлекувањето на странските војници од Авганистан во наредната година.