Борби на либијската армија со џихадисти во Бенгази

Најмалку 5-мина либијски војници загинале во денешните судири со џихадистичка милитантна група во источниот град Бенгази. Битката траела неколку часа, а имало и повеќемина ранети, меѓу кои и цивили. Во градот била прогласена вонредна состојба.