Каменувањето повторно "во игра" во Авганистан

Хјуман Рајтс Воч ги повика властите во Авганистан да го отфрлат предлогот за враќање на каменувањето како казна за неверство. Директорот за Азија на Хјуман Рајтс Воч, Бред Адамс, изјави дека е апсолутно шокантно што по 12 години од падот на талибанскиот режим, администрацијата на претседателот Хамид Карзаи можеби ќе го врати казнувањето со каменување. Работна група на авганистанската влада подготвува нов кривичен закон во кој се предлага казнување на моралниот криминал со каменување.