ЕУ наскоро ќе ги олесни санкциите против Иран

Шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус изјави денеска дека Европската Унија наскоро ќе укине некои санкции против Иран, како дел од договорот меѓу Техеран и големите сили. Министрите за надворешни работи на Европската Унија за неколку недели ќе се состанат за да договорат олеснување на санкциите против Иран, што би можело да стартува пред крајот на годинава, изјави Фабиус. Иран и големите сили вчера во Женева постигнаа договор, според кој Техеран ќе запре некои нуклеарни активности во замена за олеснување на санкциите.