Путин слуша, но и критикува

Рускиот претседател Владимир Путин.

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, вели дека претседателот е секогаш подготвен да ги слушне мислењата на неговите вработени, но може да биде остро критичен кога не е задоволен од нивната работа. Песков во интервју за „Њуз Тајмс“ ја опиша работа со Путин. Тој е дел од администрацијата на Путин од 2008 година.

„Кога се носи одлука за нешто, можете да се расправате, да предлагате алтернативи дури не се донесе, но кога се донесе одлука, не смеете да не се согласувате со тоа јавно, Путин реагира остро на тоа“, објаснува Песков.