Руски гас во Србија во 2016

Почна изградбата на делницата од гасоводот Јужен тек низ Србија. Претседателот Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ и генералниот директор на Газпром Алексеј Милер присуствува на церемонијата за почетокот на изградбата. Србија и Газпром во октомври 2012 година потпишаа договор за изградба на делница од Јужен тек низ Србија долга 421 километри во вредност од 1,9 милијарди евра. Се очекува гасот да биде пуштен на почетокот на 2016 година. Предвидено е гасоводот да почнува од Русија, преку Црното Море, Бугарија, Србија и Унгарија до Западна Европа. Гасоводот ќе и овозможи на Русија да продава гас во ЕУ без транзит низ Украина. Рускиот претседател Владимир Путин испрати порака во која се вели дека проектот ќе ги намали „ризиците од транзит од трети страни“ и дека ќе „помогне да се консолидира меѓународната енергетска безбедност“.