Временска прогноза - дождливо и постудено

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд, а на планините ќе има снег. Кон крајот на денот во северните делови од земјата врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои пониски места. Ќе дува слаб, а попладне до умерен северен ветер.
Температурата од два до 12 степени.