Дачиќ- Јужен ток е најголем инфраструктурен проект

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека изградбата на гасоводот Јужен тек е најголем инфраструктурен и енергетски проект на територијата на Србија. Според него тој ќе овозможи економски раст и ќе го зголеми вработувањето. Денеска започна изградбата на делницата од гасоводот за рускиот гас низ Србија.

„Србија после четири децении може да каже дека гради нешто големо“, рече Дачиќ.