Во судири во близина на Дамаск најмалку 70 жртви

Најмалку 70 мртви од двете страни имало при денешните судите меѓу сириските владини трупи и бунтовниците во близина на упориште на опозицијата источно од Дамаск, соопштија сириски активисти. Од сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон велат дека меѓу бунтовниците има странски џихадисти лојални на Ал каеда, а владините сили се потпомогнати од либански Хезболах. Од државните медиуми нема податоци за денешните судири.