Лоја Џирга одобри безбедносен пакт со САД

Членови на Лоја Џигра.

Големиот Совет на Авганистан, или Лоја Џирга, денеска одобри безбедносен пакт со САД. Собранието, исто така, го повика авганистанскиот претседателот Хамид Карзаи да го потпише договорот до крајот на годината. Карзаи во четврток рече дека потпишувањето на договорот можеби ќе мора да почека до завршувањето на претседателските избори во Авганистан во април 2014 година. Но од Лоја Џигра велат дека Карзаи нема право да побара од делегатите да го одложат потпишувањето. Билатералниот договор за безбедност би можел да го расчисти патот за американските војници да се задржат во Авганистан откако силите предводени од НАТО ќе се повлечат на крајот на 2014 година од земјата.