Мерки за враќање на средната класа или надуени балони

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска промовира три нови мерки од, како што рече, програмата за враќање на средната класа, а се од економската сфера.

„Станува збор за капитални инвестиции и вработување на младите кои ја напуштаат земјава поради големата невработеност“, посочи Заев на прес-конференција во Прилеп.

Трите мерки се изградба на автопатишта, национална гасификација и бизнис инкубатори во земјата.

На прес-конференцијата на Заев, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Постапките на Зоран Заев не само што се копија на постапките на Бранко Црвенковски, туку и ги надминуваат. Зоран Заев има страв од избори, а неговиот страв од пораз го лекува со надуени, но празни балон предлози и лажни ветувања“, реагира владејачката партија.