Милитанти се противат на кампањата против детска парализа

Милитанти во северозападен Пакистан киднапирале 11 наставници вклучени во кампањата за вакцинација против детска парализа. Локалните власти соопштија дека наставниците биле грабнати од училиште во близина на границата на Пакистан со Авганистан. Киднапирањето е најновo во серијата напади врз здравствените работници кои се обидуваат да ја искоренат болеста. Милитантите ги обвинуваат здравствените работници дека се западни шпиони или дека се дел од заговорот да се стерилизираат муслимани