Во Летонија тридневна жалост за жртвите од супермаркетот

Во Летонија денеска започнува тридневна жалост за смртта на најмалку 52 луѓе при колапсот на супермаркет во Рига. Портпаролката на противпожарната и спасувачка служба на Рига Викторија Сембел изјави дека се уште треба да се трага по преживеани во делови од урнатините во супермаркетот. Таа изјави дека постои можност да се најдат повеќе жртви, но ризикот од нови рушења ги прави спасувачките напори опасни. Се уште се истражува причината за падот на кровот на супермаркетот, но официјални лица изјавија дека работници граделе зимска градина на покривот на продавницата. Полицијата соопшти дека падот можеби е поврзан со недостатоци во дизајнот или пак неквалитетни градежни работи на зградата која била изградена во 2011.