Пандев ја известил ФФМ дека се повлекува од репрезентацијата

Mакедонскиoт фудбалер, Горан Пандев испратил допис до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во кој ги информира за неговата одлука да се повлече од националниот состав.
Како причини за ваквата одлука ги наведува заморот од континуираните натпревари и желбата да направи место за нови играчи, соопштуваат од федерацијата на нивната официјалната веб страна.
Од ФФМ се обиделе да стапат во директен телефонски контакт со Горан Пандев со цел уште еднаш да се обидат да го премислат.

„ФФМ сака да верува дека неговата одлука не е конечна и дека тој и понатаму ќе го носи националниот дрес, особено доколку новиот селектор, кој треба да биде избран наскоро, процени дека учеството на Пандев е неопходно за градење на нов, победнички дух“, изјавуваат од ФФМ.

Пандев е член на Наполи, а првично одлуката да се „пензионира“ од репрезентацијата ја соопшти по завршувањето на квалификацискиот циклус за СП на кој Македонија го освои последното место во групата