Путин: ЕУ вршела притисок врз Украина, а не Русија

Претседателот на Русија Владимир Путин

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска ги обвини членките на Европската унија дека вршеле притисок врз Украина за да ја потпише спогодбата за асоцијација и слободна трговија со Унијата. „Всушност ние слушавме закани од нашите европски колеги до Украина, од помош до организирање масовни протести. Тоа е притисок, тоа е уцена“, изјави Путин во Санкт Петербург по разговорите со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Вчера украинската влада соопшти дека се повлекува од трговскиот договор и оти ќе развива потесни врски со Русија.