ВМРО ДПМНЕ нема намера да ја блокира општина Центар

„СДСМ наместо да се бори за правна држава се става во одбрана на своите членови осомничени за криминал“. Ова меѓу другото се наведува во соопштението на оваа партија по денешната прес-конференција на СДСМ за случајот со Мирослав Шиповиќ кој синоќа од Виена беше екстрадиран во Скопје. „Тој од институциите се сомничи за криминал сторен во фирмата Машинопромет и ВМРО ДПМНЕ нема намера да ја блокира работата на Советот во Општина Центар“, се вели во реакцијата.