Во Берлин средба Меркел - Самарас

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска треба да се состане со грчкиот премиер Андонис Самарас.

Меѓу другото, се очекува Меркел и Самарас да разговараат и за спорот со името меѓу Грција и Македонија кој е пречка за Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија.

Меркел неодамна за македонско грчкиот спор разговараше и со посредникот во разговорите Метју Нимиц.