Билд: нема сигнали за грчки остапки околу името

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд изјави дека не гледа сигнали оти Грција за време на нејзиното претседавање со Европската Унија, во првата половина на 2014 година, планира да направи исчекор во однос со спорот со Македонија.

Според Билд, скоро сите земји од Балканот напредуваат кон ЕУ, освен Босна и Македонија, од други причини.

Билт е во Вашингтон на разговори за самитот на Источното партнерство во Вилниус, на кој се очекуваше САД и Европската Унија да ги координираат напорите за отворање на европската перспектива за повеќе поранешни советски републики.