Американскиот Сенат ги промени правилата за парламентарната опструкција

Американскиот сенат со помош на гласовите од сенаторите од Демократската партија ја изгласа промената со која се оневозможува опструкција од страна на парламентарното малцинство при избор на судии, членови на владата и владини службеници. Претседателот Обама рече дека „нвидениот образец на опструкција “ во Конгресот повеќе од кога и да е предизвикува незадоволство кај американците од политиката во Вашингтон. Тој образец рече Обама не се заснова на суштински разлики за кандидатите чие поставување на функции го спречуваа републиканците.