Во куќа во Лондон 3 жени држени како робинки 30 години

Британската полиција денеска спасила три жени за кои се претпоставува дека биле држени како робинки во куќа во Лондон најмалку 30 години. Скотланд јард соопшти дека станува збор за една 69-годишна малезијка, една 57-годишна ирка и една 30 годишна британка. Жените биле трауматизирани, полицијата ги уапсила сопствениците на куќата, маж и жена на 67-годишна возраст.