Најмалку 30 загинати во ескплозија кај Багдад

Најмалку 30 луѓе загинале, а над 40 биле ранети во денешната експлозија на бомба на пазар во градот Садија на 65 километри североисточно од Багдад. Станува збор за последен во бранот напади во Ирак во последниве неколку месеци. Само во минатиот месец во земјата во слични напади беа убиени илјада луѓе.