Украина го суспендира потпишувањето договорот со ЕУ

Украинската влада денеска нареди суспендирање на процесот за подготовка на потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и слободна трговија со Европската унија. До ова дојде откако на денешната седница украинскиот паралмент гласаше против законите со кои на затворенета поранешна премиерка Јулија Тимошенко ќе и овозможеа да се лекува во странство. Европската унија тоа го постави како услов за потпишување на Спогобата со Украина, планирано на самитот на Источното партнерство во идната недела во Вилнус.