Уапсен напаѓачот врз фотографот на Либерасион

Француската полиција го уапсила и идентификувала вооружениот човек кој го тероризираше Париз деновиве, кога во разуздано пукање сериозно рани фотограф на еден весник. Министерот за внатрешни работи Мануел Валс изутринава го идентификува напаѓачот како Абделхаким Декар, порано затворан поради неговата улога во купувањето пиштол кој бил употребен од страна на француска двојка која во 1994-та година уби тројца полицајци и таксист. Декар бил уапсен вчера кога седел тешко дрогиран во возило во подземна гаража, по дводневна потрага.
Во понеделникот тој тешко рани фотограф на Либерасион и пукаше пред банката Сосиете Женерал. Мотивот за неговиот напад е непознат.