Аеродромот во Загреб затворен поради штрајк

Поради штрајк на вработените, од денеска до утре на полноќ аеродромот во Загреб ќе биде затворен. Како што соопштија синдикални претставници, во првата фаза ќе биде откажан целиот комерцијален авиосообраќај, а ќе функционираат само посебните летови - медицинските, на Хрватското воено воздухопловство и на Владата. Организаторите очекуваат дека во штрајкот ќе учествуваат повеќе од 90 насто од вработените.
Причина за започнување на штрајкот е неспроведување на одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор, со кои се утврдуваат обрските на работодавачот пред и по примопредавањето на претпријатието на концесионерот, францускиот ZAIC, изјави на прес-конференција синдикалниот претставник Анте Дујиќ.