За Јашаревиќ 15 години затвор заради терористички напад

Суд во БиХ изрече пресуда од 15 години затвор за Мевлид Јашаревиќ, прогласувајќи го за виновен за тероризам за нападот врз американската Амбасада во Сараево во 2011 година.
Јашаревиќ тогаш врз Амбасадата испука околу стотина куршуми ранувајќи потешко двајца полицајци. Максималната казна за таков вид казнено дело во БиХ е 20 години. Судот пресуди пет години помалку имајќи предвид што Јашаревиќ искрено се покајал за извршениот напад. Пресудата е правосилна и ниту една страна не може да се жали, јавуваат босански медиуми.