Националната иранска компанија за гас во стечај

Главниот извршен директор на државната Национална иранска компанија за гас Хамид Реза Арагџи изјави дека компанијата прогласи стечај.
Како што јави иранската новинска агенција Мехр, Aрагџи рекол дека компанијата има долг од над 4 милијарди долари.
Според Вол стрит журнал, меѓународните санкции врз Иран ја уништиле клучната енергетската индустрија во земјата.