Времето денеска - промeнливо облачно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќа ќе има врнежи од дожд кои во западните делови ќе бидат поинтензивни.Температурата ќе се движи од девет до 16 степени.Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно и магливо, а попладне ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има и врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до 12 степени.