ОБСЕ ги отфрли наводите за мешање во изборите во северна Митровица

Шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово Жан Клод Шлумбергер

Шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово Жан Клод Шлумбергер денеска ги отфрли како неосновани обвинувањата дека оваа организација се мешала во гласањето за време на повторувањето на изборите во северниот дел на Митровица во неделата. „ОБСЕ работеше и натаму ќе работи во во спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина постигнат со посредство на ЕУ3, се наведува во реакцијата. Оваа организација беше обвинета дека немала мандат изборниот материјал да го пренесе на пребројување до изборната комисија.