Во Виена се одржаа разговори за Нагорно Карабах

Претседателите на Ерменија и Азербејџан, Серж Саркисијан и Илхам Алијев, денеска во Виена разговараа околу спорот во Нагорно-Карабах. Се очекува соопштение од групата Минск од ОБСЕ за исходот од разговорите. Ерменија и Азербејџан се спорат за регионот откако ерменски сепаратисти, поддржани од Ереван, завземаа дел од Азербејџан за време на војна во 90-тите на минатиот век. Американскиот претседател Барак Обама ја поздрави одлуката за средба меѓу претседателите на Ерменија и Азербејџан.