МВР расчисти два од трите инциденти во автобусите на ЈСП

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

МВР расветли два од трите инциденти кои минатата недела се случија во автобуси на ЈСП во Скопје. Идентификувани се учесниците во инцидентите што се случиле во автобуси на ЈСП со број 33 и број 7.

Сите лица кои учествувале во насилството се малолетни, а двe од нив учествувале и во двата инцидента. Осомничени се вкупно 13 малолетници, со што бројот на малолетници кои годинава се откриени и санкционирани заради учества во инциденти се искачи на 150 лица, соопшти денеска МВР.

Министерството за внатрешни работи интензивно работи на расчистување и на третиот инцидент кој се случи во автобусот на ЈСП број 65, се наведува во соопштението од Министеството за внатрешни работи.