Циклонот Клеопатра однесе 16 животи на Сардинија

Најмалку 16 лица загинаа како последица на циклонот Клеопатра кој го погоди италијанскиот остров Сардинија доцна синоќа. Најлошо погодена е областа околу североисточниот град Олбиа.
Градоначалникoт Џани Џиованели изјави дека градот бил погоден од "апокалиптична" бура, при што пола град бил под вода, со уништени мостови, реки полни со кал. Многу училишта се затворени а метеоролозите прогнозираат натамошни врнежи од дожд.