Турција без толерантност за милитантите кои одат за Сирија

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу

Турција соопшти дека не ги поддржува странските милитанти кои одат за Сирија, но дека не е во можност да го запре нивното движење низ границите на земјата. Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави во Вашингтон дека неговата земја нема толеранција за екстремисти. Но, дека Турција не може да врши патрола на 1000 километри долгата граница со цел да се осигура дека милитантите нема да ја преминат.