СДСМ со предлог мерки за земјоделството

.

СДСМ денеска презентираше пет предлог мерки од областа на земјоделството кои се дел од програмата на партијата.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, на прес-конференција рече дека ќе реализираат проекти што се директно поврзани со развојот на земјоделството и со обезбедувањето достоинствен живот на земјоделците.
СДСМ предлага навремени субвенции со еднаков пристап за сите земјоделци, ослободување на земјоделците од персоналниот данок, еднаков третман при пензионирање и воведување бенефициран стаж кај професионалните земјоделци, инвестиции во системите за наводнување од 10 милиони евра годишно и буџетска поддршка за зголемување на продуктивноста, финализацијата и извозот на земјоделското производство.
Главните приоритети на СДСМ во земјоделството, како што истакна Заев, ќе бидат подобро управување со ресурсите и институциите, поголемо издвојување средства од Буџетот во капитални проекти со повеќенаменски социоекономски цели и политика на правична распределба и поттик за поголемо и поквалитетно производство.