ЕУ дипломатите за Украина и Источното партнерство

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска во Брисел дискутираат за статусот на Украина пред самитот на Источното партнерство што кон крајот на месецов ќе се одржи во Вилнус. До овој состанок доаѓа ден пред седницата на украинскиот парламент кој треба да одбри закон со што на затвотрената поранешна премиерка Јулија Тимошенко ќе и се овозможи лекување во странство. Тоа всушност е условот за потпишување на Спогодбата за асоцијација и слободна трговија меѓу Украина и Европската унија.