Во Авганистан најдени обезглавени тела на полицајци

Обезглавените тела пронајдени вчера во авганистанската провинција Кандахар денеска биле идентификувани. Станува збор за полицајци, а не за работници како што се претпоставувало, со оглед на тоа што тие биле во цивилна облека. Полицијата ваквите напади најчесто им ги припишува на талибанските милитанти. Во меѓувреме, во експлозија на бомба поставена крај партот во јужниот дел на Авганистан денеска загинале две деца.