Русија ги истражува причините за авионската несреќа кај Казан

Руските служби за итни случаи ги истражуваат причините за урнувањето на авионот Боинг 737 во Казан во кој загинаа сите 50 патници. Персоналот на руското министерството за вонредни состојби пристигна во главниот град на руската република Татарстан рано утрово за да помогне во истрагата. Комерцијалните летови кон и од аеродромот во Казан се прекинати. Несреќата се случила откако во вториот обид на авионот да слета, удрил во земјата и се запалил. Во авионот нема преживеани, а меѓу патниците немало деца. Меѓу жртвите, се наоѓа и синот на претседателот на Татарстан Ирек Миниханов и висок безбедносен републички функционер Александр Антонов како и сопругата на познатиот руски спортски коментатор Роман Скворцов.