Почнува расчистувањето на нуклеарната централа Фукушима

Јапонски нуклеарни инженери се подготвуваат да ги отстранат цевките со гориво од ураниум и плутониум во нуклеарната централа Фукушима. Операцијата што треба да започне денеска е најтешката и најопасна задача откако оштетените реактори на централата беа ставени под контрола пред две години.
Повеќе од 1.500 цевки мора да се отстранат од базенот во кој беа складирани по цунамито кое удри во Фукушима во март 2011. Компанијата соопшти дека очекува да се отстранат 22 цевки во текот на следните два дена, а целосната операција би требало да заврши за повеќе од една година. За целосно затворање на Фукушима веројатно ќе бидат потребни децении. Селата и градовите во близина на централата се претежно празни. Стравот од радијација прави жители да не сакаат да се вратат и да живеат во сенка на постојано протекување на опасната течност.