Почина британската авторка Дорис Лесинг

Британската авторка Дорис Лесинг почина на 94 годишна возраст. Според извештаите, авторката чие моќно и феминистичко пишување ја освои Нобеловата награда за литература, починала во својот дом во Лондон. Таа е најдобро позната по романот "Златната тетратка" од 1962 година кој се смета за пресвртница во феминистичката дејност, а стана и најстариот добитник на Нобеловата награда во 2007 година, на нејзиниот 88 роденден. Лесинг напиша повеќе од 50 други дела кои се движат од политичката критика до научна фантастика , а многу од нив се инспирирани од нејзините сопствени искуства на осаменото детство во Африка и вклученоста во радикалната политика на левичарите.