Оланд: Иран да ја прекине нуклеарната програма

Франција има четири барања за постигнување на договор за иранската нуклеарна програма изјави францускиот претседател Франсоа Оланд кој е во тридневна посета на Израел.
„Франција се залага за преоден договор, но под четири услови, да се стави веднаш меѓународна контрола на сите никлеарни постројки, да се скрати збогатувањето ураниум за 20 насто, да се намалат постоечките залихи и да се прекине изградбата на централата во Арак,“ изјави Оланд додавајќи дека тоа се елементите кои се клучни како гаранција за договорот.
Преговорите на Техеран со шестте светски сили треба да почнат во среда во Женева. Оланд потсети дека целта на тие преговори е Иран засекогаш да се откаже од производство на нуклеарно оружје.