Златна зора се закани со протести против изградба на џамија во Атина

Грчката крајнодесничарска партија Златна зора се закани дека ќе организира масовни протести против изградбата на џамија во Атина, откако претходно оваа недела беше спроведен тендерот за овој проект, пишува весникот „Катимерини“. Неофашистичката партија нагласи дека склучувањето на овој договор е „провокација без преседан“ и напомена дека ќе организира масовни демонстрации и ќе ги искористи своите позиции во Парламентот, за да ја спречи изградбата на џамијата. Десничарската партија Независни Грци исто така го осуди проектот, нагласувајќи оти тој е против интересите на Грците. Министерството за градежништво во четвртокот го одобри договорот за изградба на џамија.За проектот е наменет буџет од 946 илјади евра. Планирано е џамијата да биде изградена на терен, кој е во сопственот на грчките военопоморски сили во квартот Вотаникос, во центраниот дел на Атина.