Непроменета здравствената состојба на Мендела

Здравствената состојба на поранешниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мендела и понатаму е лошо и тој не е во состојба да зборува, изјави неговата поранешна сопруга Вини Мандела. Деведесет и петгодишниот херој во борбата против аперхејдот, од септември е на домашно лекување, а со околината комуницира со гестакулација. Лекарите се надеваат дека гласот на Мендела ќе му се врати. Мендела стана првиот црн претседател на јужна Африка во 1994 година. Во затвор помина повеќе од 27 години поради спротиставувањето на аперхејдот во својата земја.